Здрав поглед на светот
Jazyk / Language  
 

Глауком

Глауком се смета за болест на окото - обично како резултат на зголемен интраокуларен притисок - кој доведува до оштетување на оптичкиот нерв и со несоодветна терапија може да доведе до губење на видот или дури и слепило. Околу 1% од населението страда од ова заболување, ризикот се зголемува значително во подоцнежните години од животот. Ова е особено опасна болеста бидејќи на почетокот се развива бавно и незабележливо. Препорачливо е, после четириесетата година од животот, да се обратите за редовна контрола со цел рано откривање на глауком.
Примарен глуаком со отворен агол е најчестиот тип, кој долго време не предизвикува никакви тешкотии, ако се открие на време, може да се третира со капки за очи. Други форми на глауком се: акутен глауком, на пациенти со акутен глауком им треба итно лекување, бидејќи брзо може да доведе болеста до слепило, и вроден и секундарен глауком како резултат на некои други болести на окото. Ако капките за очи не се доволни во третманот, потребно е да се третираат пациентите хируршки или со ласер.
 
  • Дефинирање / Причини

Глауком (= зелена мрена) е општ термин за различни очни болести, кои обично имаат истите три основни карактеристики:
 
  • покачен интраокуларен притисок
  • Намаленo видно поле
  • шупливи папили со губење на маса (атрофија) на оптичкиот нерв


Во повеќето случаи, покачениот притисок игра важна улога во развојот на глауком. Нарушување на течноста во предниот комора на окото доведува до создавање на нерамнотежа во постојан воден хумор и оток. Флуидот се акумулира во окото, при што резултира со зголемување на притисокот. Зголемениот интраокуларен притисок прави оштетување на осетливиот оптичкиот нерв. Оштетеното нервно ткиво тогаш повеќе не може да ги испрати сите информации до мозокот, а со тоа и настапува и оштетување на визуелното поле, кој е типичен симптом на глауком.
Исто така постојат и пациенти со глауком, кои имаат нормален очен притисок, но тоа значи дека зборуваме за други фактори, како и нивните причини. Одредена улога, поради тоа може да има, на пример. циркулација на очниот нерв и мрежницата. Потоа доведува до васкуларна болест и ненормално високи или премногу низок крвен притисок.


Обично се прави разлика помеѓу четири различни видови на глауком:
 
  • примарен глуаком со отворен агол
  • глуаком со затворен агол (= акутен глауком / глуакомски напади)
  • секундарен глауком, зголемен интраокуларен притисок како резултат на друга болест или целокупната состојба на болеста
  • Инциденца и ризик фактори
Во индустријализираните земји, глауком е една од најчестите причини за слепило. Се проценува дека 1% од населението страда од глауком, или барем се изложени на голем ризик за добивање на глауком. Најчестиот вид на глауком е примарен отворен агол глауком. Повозрасното население е особено подложно на ова заболување. Фреквенцијата на оваа болест е најмалку осум пати поголем кај луѓето од 70-80 години од во овие 30-40 години. Во случај на отворен агол глауком, заедничка улога имаат следниве фактори на ризик:

 
  • возраст над 65 години
  • честа појава на глауком во семејството
  • дијабетес мелитус
  • Болести на кардиоваскуларен систем
  • тешки воспаленија на окото
  • екстремна миопија
  • третман со кортизон


И мажите и жените во рамките на возраста, страдаат од глауком подеднакво често. Акутен глауком, во принцип, се дијагностицира на било која возраст, но фреквенцијата на болеста се зголемува со возраста. Во подоцнежните години од животот влијае на жените почесто отколку мажите. Важни фактори на ризик се:
 
  • очната јаболка е премногу кратка, што често се јавува во случај на хиперетропија (далековидност)
  • честа појава на глауком во семејството

Примарен вроден глауком е ретка појава и нормално се јавува во првите години на животот. Јасно е дека постои тенденција за глауком, но точниот начин на наследство се уште не е позната.
 
  • Симптоми


Примарен глуаком со отворен агол е асимптоматска појава за долго време, што значи дека пациентот нема да забележи дека тој страда од тоа. Во типични случаи, пациентите не чувствуваат болка. Со зголемениот очен притисок, сепак, поради т.н. епителен едем може да се појават обоени кругови или магла околу извор на светлина. Пос т.н.. епителен едем подразбираме акумулација на течност во горниот слој на рожницата. Во напредна фаза на болеста може да дојде до оштетување на визуелното поле, па дури и до слепило.
Акутен глауком се карактеризира со тешко, црвени очи со зеница која не реагира на светлина а тоа е поврзано со болка и визуелни нарушувања. Често може да се види, и општи симптоми како што се главоболка, гадење и повраќање. Примарно вроден глауком кај засегнатите деца, се карактеризира со влажни очи кои се чувствителни на светлина и спазматичен контракции на очните капаци. Кај доенчиња со многу големи очи е суспектно и за да бидете сигурни обавезно консултирајте се со експерт. Секундарен глауком може, во зависност од моменталната ситуација, да биде асимптоматски или може да биде поврзан со сите овие симптоми.

 
  • Дијагноза

Примарен глуаком со отворен агол
За сигурна дијагноза на примарен глауком со отворен агол е важно во секој случај, мерење на интраокуларниот притисок, визуелното поле и оптичкиот нерв и папила. За дијагноза на глауком, потребна е повеќегодишна контрола, со забележан напредокот и документација на сите наоди.

Акутен глауком
Овие симптоми се клучни знаци на постоење на акутен глуаком. Офталмолозите можат потоа лесно да ја потврдат дијагнозата со мерење на интраокуларниот притисок и со испитување на предниот сегмент, како и аголот на очната комора.

Примарен вроден глауком
Сигурна дијагноза на вродени со глуаком може да се утврди само со испитување на заболени деца под анестезија.

Секундарен глауком
Во секундарен глауком, покачениот интраокуларен притисок се става на прво место во поставувањето дијагноза. Дијагнозата потоа се одвојува од постоечките услови.

Горната граница на интраокуларниот притисок е прибл. 21-23 mm Hg (HG = Меркур). Притисок има тенденција да се зголемува во подоцнежните години од животот. Исто така е важно да се напомене дека и покрај очниот притисок, кој е на горната граница нормален, глауком може да продолжи да постои. Во такви случаи, иако очниот притисок е стабилен и во нормални граници, но за окото притисокот е висок, па поради тоа влијае и предизвикува штета. Од друга страна, висок крвен притисок не мора да укажува на постоењето на глауком. Во овој случај индивидуална граница на толеранција на окото е поголема од нормални.


Терапија

Медикаментозна терапија на прво место, во третманот на примарен глуаком со отворен агол, и тоа со цел намалување на интраокуларниот притисок. Лековите кои се користат во терапијата обично се капки за очи. Постојат различни класи на активни супстанции, кои можат да се комбинираат. Во случаи кога медикаментозната терапија не е доволна, во одредени случаи може да се користи и ласерски третман. Ефектот на намалување на притисок е мал, но не и траен. Во овој случај, алтернатива е операција. Операцијата обично се изведува под локална анестезија, целта на операцијата е да се создаде нови патишта за одлив на очната водичка.

Акутниот глауком бара итен третман. Пред се, оваа состојба бара терапијата со лекови за намалување на интраокуларниот притисок, а потоа следи операција (алтернативно, ласерски). Терапијата за лекување на вроден глауком секогаш се определува постепено. Третманот на секундарен глауком зависи од постоечките услови, но во основа е определено од страна на горенаведените принципи.


Профилакса

Кога глаукомот е со отворен агол, од четириесет години па натаму се препорачува превентивно испитување кај офталмолог вклучувајќи мерење на интраокуларниот притисок најмалку еднаш на секои три години, со цел навремено започнување на третманот за намалување на интраокуларниот притисок. Пациенти со ризик од страдање од глауком треба да прават почести превентивни прегледи. Пациентите кои веќе се здобиле со потрес на мозокот и други повреди на окото, треба очниот притисок да го проверуваат еднаш годишно, затоа што горенаведените повреди можат да доведат до секундарен глауком. Во 5 до 10% од долготрајната употреба на капки за очи со кортизон или лекуање со други лекови кои содржат кортизон, кортизон може да доведе до глауком, кој е специјалан форма на секундарен глауком. Затоа, пациентите треба редовно да го проверуваат очниот притисок.


Прогноза


Во принцип, треба да се напомене дека секој вид на глауком, кои не се лекува може да доведе до слепило во заболеното око. Веќе предизвиканата штета не ќе може да се отстрани со интензивна терапија. Глауком со отворен агол е хроницен патолошки процес, кој напредува бавно, години или дури и децении. Соодветна терапија може да го запре процесот или да го успори. Во повеќето случаи, ако акутен глауком не се лекува брзо може да доведе до слепило. Меѓутоа, ако акутен глауком е откриен рано и се третира соодветно, прогнозата е многу добра. И покрај навремено лекување, делумно оштетување предизвикано од вродениот глауком често останува и може да доведе до намалена визуелна острина, додека повеќето случаеви на слепило можат да се спречат. Прогноза на секундарен глауком зависи од постоечките услови.


Извор: http://primar.sme.sk/c/4116906/zeleny-zakal-glaukom.html # ixzz0gLXGkLqG