Здрав поглед на светот
Jazyk / Language  
 

Дијабетична ретинопатија

  • Дијабетес мелитус (ДМ) или шеќер
 
 
Тоа е нарушување кое се карактеризира со зголемена концентрација на шеќер во крвта проследено со недостаток или намалена акција на инсулинот. Континуирано зголемување на шеќерот во крвта предизвикува промени во крвните садови. Промена во малите крвни садови (наречена микроангиопатија) се појавува како главна компликација на дијабетесот:


1. Патолошки промени во мрежницата на окото - Дијабетична ретинопатија
2. Промени во бубрезите - дијабетична нефропатија
3. Промени во периферните нерви - дијабетична невропатија.



Дијабетична ретинопатија (ДР), исто така наречена, дијабетичен макуларен едем и компликациите од полферативната ДР е едно од најчестите причини за слепило во развиените земји, вклучувајќи ја и Македонија. Ризикот од слепило кај дијабетични пациенти е приближно 1-20 пати поголема отколку кај луѓето кои не страдаат од дијабетес. Кај дијабетичари исто така се поголеми шансите да се развие катаракта и атеросклероза.
 
  • Дијабетична ретинопатија


Дијабетична ретинопатија е знак на патолошки промени во ретината и ретинални крвни садови, кои произлегуваат од оштетување на крвните садови, последователно на дијабетес. Оштетени се прво капиларите. Штетата може да се манифестира со појава на капилари на малите крвни садови на ретината (микроанеуризми), мали хеморагии во мрежницата (хеморагиами) - како резултат на прекин на веќе спомнатите мали крвни садови.
Оштетените крвни садови можат да пукнат. На ретината се формира оток (едем). Подоцна на мрежницата доаѓа до зголемено формирањето на нови крвни садови (неоваскуларизација) (Слика бр. 2), а дуплирање на садовите може да доведе до целосно слепило.
 
  • Дијабетична ретинопатија не боли


Симптомите на болеста на почетокот не постојат. ДР трае долго време без симптоми и без влошување на видот. Тоа ја прави многу подмолна болест. Во време кога терапевтска интервенција е погодна пациентот обично нема субјективни потешкотии, иако болеста е во напредна фаза и може да има значителна штета. Оштетување на ретината може да се утврди само кога лекарот превентивно го прегледува очното дно или врз основа на губење на визуелна острина во доцните фази. Во времето на субјективни симптоми, третманот е тешок и не толку успешен. Само во подоцнежната, напредна фаза се гледа влошување на видната острина. Влошување на видната острина се случува кога настанува здебелување во областа на жолта точка затоа што токму жолтата точка е од суштинско значење за видната острина. Кај постарите пациенти со дијабетес често се припишува влошување на видот и од други причини, како што е старечката слабовидност на близина или катаракта а не шеќер, бидејќи со текот на времето човековата видна острина се влошува или слабее. Сепак, само нормално влошување на видот се третира со носење очила за читање. Ако очилата не го подобруваат видот на блиску или видот на далеку се влошува , причината за патолошките промени мора да се воспостави кај специјалист, офталмолог.
 
  • Класификација на дијабетичната ретинопатија

Основна класификација на ДР се заснова на значење, тешка ретинални микроваскуларни промени во мрежата и присуството на неоваскуларизациј. ДР се означува како непролиферативна, а сите промени (микроанеуризми, крварење, отекување, и др.) се само во мрежницата. Во пролиферативната ДР на површината на мрежницата се појавуваат се нови крвни садови и фиброзно ткиво. Двете фази може да бидат по количина промена во мрежницата лесни, средни, тешки и многу тешки. Дел од центарот на ретината на окото - жолта точка (макулата) обезбедува видна острина и распознавање на бојата, осет. Кога доаѓа до ооток на тој дел од мрежницата станува збор за макуларен едем. Тоа е најчеста причина за влошување на видот кај дијабетичарите. Макуларниот едем често поминува како непролиферативна фаза на болеста. Може да се појави и во пролиферативна фаза.